UniQube
Иновативни Композитни Централни Бојлери
Топлински уред со висока ефикасност
UniQube е уникатен тип на бојлер за топла вода кој може да се произведе во 5 различни варијанти, во зависност од потребите на системот за топла вода.
- Бафер акумулатор SQ-B
- Хидрауличен сепаратор акумулатор SQ-BP
- Соларен акумулатор SQ-BPS
- Проточен бојлер акумулатор SQ-BPW
- Комбиниран бојлер акумулатор SQ-BPSW
UniQube може да биде опремен со цевка за хидраулична сепарација (стратификатор), топлински изменувачи, електричен греач како поддршка и комбинации од истите. Има максимална продолжена трајност, сите внатрешни делови се отстранливи и заменливи, и може да се користат и резервни делови. UniQube може да се надградува од еден тип во друг, и може да се инсталира во група или како сомостоен уред.
Карактеристики
Solarico UniQube бојлерот е ротирачки-излеан пластичен резервоар, зајакнат со намотани влакна од фиберглас. Уникатната комбинација на овие материјали резултира во резервоар со мала тежина и импресивна моќност. Високата класа на незапалива полиуретанска изолација која го обвиткува резервоарот допринесува во минимални загуби на топлина.
Специјалната цевка за стратификација како и цевкестите топлински изменувачи, сите направени од нерѓосувачки челик, обезбедуваат отпорност на корозија и резервоар без потреба од анода, што значи без замирисана вода внатре и без несакани хемиски реакции.
“A” ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Резервоарот е направен од композитно-пластични материјали со 60% пониски топлински загуби во споредба со конвенционалните бојлери за топла вода
ОТПОРНОСТ НА КОРОЗИЈА
Комбинацијата на пластика и фиберглас композитни материјали е отпорна на корозија на двете страни на резервоарот
СТАБИЛНОСТ НА ПРИТИСОК
Поради извонредната цврстина, без заварени споеви и без слаби точки, UniQube може слободно да работи на константен притисок до 6 bar и температура до 95°C
ПРОДОЛЖЕНА ТРАЈНОСТ
30 години предвиден животен век и 10 години гаранција
ХИГИЕНСКИ ИСПРАВНА ТОПЛА ВОДА
Хигиенски исправна топла вода за домашна употреба во континуиран проток; загревање на водата по потреба
МИНИМАЛНО ОДРЖУВАЊЕ
Заради не-корозивниот резервоар, нема анодни прачки кои треба периодично да се заменуваат
Клучни карактеристики и споредба со конкурентни производи
- Индиректно проточно загревање на хигиенски исправна вода за домашна употреба
- Проточен изменувач од флексибилно наребрено црево од не’рѓосувачки челик Inox 316L
- Соларен изменувач од флексибилно наребрено црево од не’рѓосувачки челик
- Единица за стратификација (раслојување) на топлината
- Хидрауличен сепаратор помеѓу кругот на изворот на топлина и кругот на потрошувачите на топлина
- Акумулатор на топлина
- Опремен со 4 чаури за сензори
- Висока класа на незапалива полиуретанска изолација во согласност со DIN 4102 класа B2
- Горната и долната фланша се демонтажни и може да се модифицира во било кој друг тип на бојлер/резервоар