Опис
- Елоксирана алуминиумска лајсна
- Hecker T-Safe Solarfloat калено стакло
- Bluetec-eta plus селективна фолија
- Ултрасонично заварени бакарни апсорбери
- Минерална стаклена волна во табла со 50 kg/m3 густина, покриена со црни стаклени влакна
- Ембосиран позадински алуминиумски лим
- Јак алуминиумски профил
Тип на колектор
Селективните сончеви колектори од ESK 2.5 SB серијата, се произведуваат во две основни верзии
ESK SB
Основната верзија има едно соларно калено стакло и се користи за загревање на санитарна топла вода во домаќинствата, хотели, индустрија, загревање на технолошка вода, како и за загревање на базени
ESK SB T
Термопан верзијата има две соларни калени стакла со меѓу простор од 9mm исполнет со аргон и поголема термоизолација. Оваа верзија, најчесто се користи како дополнување на системите за централно греење, како и на места со ниски температури, за загревање на санитарна топла вода, заради поголемиот степен на искористување
Поврзување
Соларните колектори од Еуротерм можат да бидат конектирани во две или повеќе паралелни колекторски полиња користејќи Tichelmann систем.
При конектирање во серија, користете компезациони спојки на секој втор колектор, а за термопан верзијата на секој колектор.
До 6 колектори можат да бидат поврзани во една линија.