Пиролитички котел на цврсто гориво Радијатор PK18

Пиролитичкиот котел PK18 се наоѓа на самиот врв на светските технолошки иновации меѓу котлите. Пиролизата како процес на согорување на цврстото гориво сè повеќе станува стандард во земјите кои водат исклучителна сметка за енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Заради тоа овој котел е нашиот „излет“ во иднината и рамноправен натпреварувач на престижниот светски пазар на „зелени технологии“.

  

Категории: , Product ID: 989

Опис

Пиролитичкиот котел PK18 се наоѓа на самиот врв на светските технолошки иновации меѓу котлите. Пиролизата како процес на согорување на цврстото гориво сè повеќе станува стандард во земјите кои водат исклучителна сметка за енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Заради тоа овој котел е нашиот „излет“ во иднината и рамноправен натпреварувач на престижниот светски пазар на „зелени технологии“.

Се работи за револуционерен принцип на согорување со кој повратниот пламен, со вентилаторите насочен надолу, му помага на секундарниот воздух и со помош на инсталираната ламбда сонда постигнува најголем можен степен на искористување кај цврстите горива. Заради тоа овој котел ги постигнува и задоволува и најстрогите услови за класа „А+“ на енергетска ефикасност.

Долната комора во која се врши согорувањето е направена од керамика заради исклучително високите температури кои се создаваат во тој процес. Од истата причина, ваквите котли мораат да бидат опремени со акумулатор на топлина бидејќи не е можно наеднаш да се искористи количината на енергија која се создава во овој процес, а со тоа се постигнува и највисока ефикасност во искористувањето на горивото и создадената топлинска енергија.

Најпрестижните светски пазари во Европа веќе го препознаа овој котел како решение кое нуди одлична избалансираност на цената, почитувањето на строгите прописи и потребата за ефикасност и комфор во користењето.

Веќе вградената автоматика управува со уредите на хидрауличкиот систем: котловската пумпа, мешачкиот вентил и пумпата поврзана на акумулацијата која ја контролираат сензори за минимална и максимална температура, првиот круг на греење и пумпата за санитарна топла вода. Во широката палета на опрема е и собен термостат, Wi-Fi модул и апликација за безконтактно и далечинско управување, потоа сензор за надворешна температура и збир на детали кои обезбедуваат максимален степен на автоматизација во користењето.

Префинетата технологија на изработка и согорување бара и строго почитување на условите во поглед на квалитетот на дрвото како гориво, но при тоа емисијата на штетни гасови и прашина се мери во толку мали количини да ги задоволуваат и најстрогите европски прописи во оваа област (EN303-5).

  

Технички карактеристики

Упатство – Radijator PK18