Опис
Компактен котел на пелети кај кого во мали димензии е спакувано многу опрема.
Во склоп на UNI 20/25 PLUS инсталирани се:
- циркулациона пумпа
- експанзионен сад од 10l
- вентил за обезвоздушување
- механички сигурносен термостат
- пресостат на димни гасови
- опрема за полуавтоматско чистење
Доволно е мал за да го собере дури и во помошните простории на станбените и деловните објекти.
Насипното ложиште и автоматското управување со процесот на согорување, кое овозможува повеќестепено одредување на моќноста, ќе ви помогнат во намерата на најдобар начин да ги користете своите ресурси и долгорочно да остварувате значајни заштеди.
Номиналната моќност од 20kW и 25kW прават идеален избор за загревање на мали објекти во кои не е возможно дополнително инсталирање на неопходната и додатната опрема, и каде е неопходно со инсталирањето на котелот да се обезбеди сигурна работа и загревање.
Доколку квалитетот на овој котел го дополните со избор на квалитетен пелет, ќе имате многу сигурно загревање со висок степен на искористување на огревот и едноставно одржување.