Опис
Eco Comfort серија 25, 35 и 45 се наменети за согорување на биомаса.
При нормални режими на работа температурата на димните гасови на излезот е околу 170°C, а при максимални режими е под 210°C. Овие вредности во секој момент можат да се прочитаат на вградениот дисплеј.
Котлите на биомаса Eco Comfort имаат бакарен изменувач за приклучување на вентил за термичко осигурување.
Сите делови на водниот дел на котелот се изработени од безшавни цевки и котелски лим со дебелина од 4mm и повеќе, во зависност од моќноста на котелот. Самото ложиште е направено од масивни изолациони материјали и сив лив.
Котлите на биомаса Eco Comfort се произведуваат во три варијанти на моќност:
- Eco Comfort 25 со моќност од 15÷25 kW
- Eco Comfort 35 со моќност од 25÷35 kW
- Eco Comfort 45 со моќност од 30÷42 kW
Има и можност за вградување на Wi-Fi модем за безжично управување на согорувањето по пат на апликација за паметен телефон.