Котел на пелети Радијатор BIOmax и BIOmax PRO

Главни карактеристики кои ја одвојуваат оваа серија од другите пелет котли:

  • Цевниот изменувач е поставен вертикално. Во безшавните котелски цевки сместени се соодветни спирални турбулатори, со што се влијае на степенот на искористеност но и на полесно чистење
  • Секундарен возух. До потисок на секундарниот воздух доаѓа со работа на всисниот турбински вентилатор кој издржува покачени температури. Влезот на воздухот е низ пеперутка розетна на задната страна па низ комората за секундарен воздух директно во врвот на пламенот. Многу важна функција на всисниот вентилатор е и да спречи појава на чад на вратите и отворите од котелот
  • Начин на потпала. Кај оваа серија на котли се користат керамички греачи за потпал од реномиран германски произведувач. Нивната главна карактеристика е долг работен век и издржливост и за време на работа на високи температури.

Со сегашните конструктивни решенија BIOmax има исклучителен степен на искористеност како на ложиштето така и на изменувачот, и тој процент оди и преку 90%.

Има и можност за вградување на Wi-Fi модем за безжично управување на согорувањето по пат на апликација за паметен телефон.

  

Категории: , Product ID: 140

Опис

Серија BIOmax

Покрај пелети можно е користење на семки од вишни, цреши и сл. За некои други видови на гориво за кои би се користело автоматско полнење потребни се дополнителни прилагодувања на механизмот за дозирање.

Една од главните карактеристики во однос на универзалноста на користеното гориво е брзиот преод од автоматско полнење со пелети на рачно ложење со дрво, кој се одвива за неколку секунди. Сепак, BIOmax не треба подолго време да се користи на дрво бидејќи оваа серија е посебно наменета за пелети како гориво; дрвото е повеќе како алтернатива од неколку дена во случај на недостаток на пелети или во случај на ремонт на механизмот за полнење.

Главни карактеристики кои ја одвојуваат оваа серија од другите пелет котли:

  • Цевниот изменувач е поставен вертикално. Во безшавните котелски цевки сместени се соодветни спирални турбулатори, со што се влијае на степенот на искористеност но и на полесно чистење
  • Секундарен возух. До потисок на секундарниот воздух доаѓа со работа на всисниот турбински вентилатор кој издржува покачени температури. Влезот на воздухот е низ пеперутка розетна на задната страна па низ комората за секундарен воздух директно во врвот на пламенот. Многу важна функција на всисниот вентилатор е и да спречи појава на чад на вратите и отворите од котелот
  • Начин на потпала. Кај оваа серија на котли се користат керамички греачи за потпал од реномиран германски произведувач. Нивната главна карактеристика е долг работен век и издржливост и за време на работа на високи температури.

Заради наведените карактеристики BIOmax е платформа на која понатаму ќе се усовршува процесот на согорување на пелети. Пред се тука се мисли на контрола на работата на вентилаторот врз основа на информациите добиени од ламбда сондата.

Со сегашните конструктивни решенија BIOmax има исклучителен степен на искористеност како на ложиштето така и на изменувачот, и тој процент оди и преку 90%.Границите на емисија на CO, CO2 како и честичките од прашина се во рамките на стандардите на EU така да оваа серија има предуслови за придобивки на пазарите во земјите од EU, поради овие еко карактеристики.

Серија BIOmax PRO

Котелот BIOmax PRO припаѓа на групите на котли кај кои масата која согорува доаѓа во комората за согорување од страна (горилник). Во текот на транспортот на пелетите од силосот до ложиштето, пелетот проаѓа низ горна и долна спирала, како и ќелијниот транспортер меѓу нив. На тој пат нема долг и слободен пад на пелетот, туку тој е секогаш потиснуван со силата на полжавестата оска. Ова е важно својство со кое се обезбедува сигурна работа на целиот систем.

Изменувачот е тро-промаен направен од вертикално поставени цевки. Во цевките поставени се спирални турбулатори кои имаат двојна функција: првата е да ја зголемат измената меѓу димните гасови и изменувачот, а втората е механичко чистење на ѕидовите на цевките. Поместувањето на турбулаторите во цевките се врши со електро-мотор, во одредени временски интервали управувани со автоматика.

Во основата на котелот, во зоната под ложиштето се наоѓа полжавеста спирала која го изфрла пепелот во кантата за пепел. И таа полжавеста спирала е моторна, управувана преку автоматика.

Степенот на искористеност на пелетите е преку 92%.

Има вграден бакарен изменувач за термичко осигурување. Сите делови на водниот дел на котелот се изработени од безшавни цевки со квалитет ST 35.4 и котелски лим со дебелина 5mm со квалитет 1.0425 EU стандард, односно P265GH стандард EUII.

Благодарејќи на одличните нивоа на емисија на честички, BIOmax PRO ги исполнува сите барања на Европската Унија за 2020 година (EN303-5).

Има и можност за вградување на Wi-Fi модем за безжично управување на согорувањето по пат на апликација за паметен телефон.

  

Технички карактеристики

Проспект – Radijator BIOmax

Упатство – Radijator BIOmax