Опис
BIOlux 20 е наменет за согорување на дрвени пелети со пречник од 6mm и должина од 25mm. Пелетот мора да одговара на стандардот ONORM M 7135.
BIOlux 20 е наменет за инсталирање во самиот објект кој се грее. За разлика од класичните котли, не е потребен посебен простор т.е. котларница. Меѓутоа, поради деликатноста на процесот на согорување кој се одвива во склоп на станбениот простор, во текот на одбирањето на местото на монтажа како и приклучувањето на оџакот треба да се консултираат стручни лица овластени од страна на производителот или директно Радијатор Инженеринг.
Има можност за приклучување кон фасадни оџаци со пречник од 100mm. Димниот излез од каминот е 80 mm.
Енергијата која се добива со согорување со греење се пренесува во просторот на 2 начина:
- Моќноста пренесена на котелскиот дел а која се предава на радијаторите е 18,7 kW
- Моќноста која се оддава на околниот простор со зрачење е 1,3 kW
Во склоп на BIOlux 20 инсталирани се:
- циркулациона пумпа
- експанзионен сад од 10l
- пресостат за вода
- пресостат за воздух
Процесот на согорување е воден од автоматика која дозволува избор на еден од три нивоа на моќност. Потпалувањето е електрично. Постои можност работниот режим и периодите на престанок со работа да се испрограмираат со 7-дневен тајмер.
Има и можност за вградување на Wi-Fi модем за безжично управување на согорувањето по пат на апликација за паметен телефон.