Опис
Електричниот котел ЕК Classic е современ блок-котел (мини котларница) наменет за системите за централно греење. Вклучувањето на греачите се врши преку безшумни контактори што значи дека котелот може дас е инсталира во станбен простор – нема бучава при работа. Уредот е опремен со заштитна склопка која гарантира потполна сигурност. Котлите се опремени и со три-степенест регулационен термостат и имаат можност за избор на три ангажирани моќности со што на корисникот му се овозможува максимален комфор со минимална потрошувачка.
Котелот може да се инсталира како составен дел од инсталациите за системите за греење, спратно греење, хибридни и акумулациони системи. Котлите со помала моќност до 9kW може да бидат монофазни или трифазни, додека котлите со поголема моќност се исклучиво трифазни. Греачите се прохромски со што постои можност котелот да се инсталира во системи за чие функционирање неопходни се термофлуиди. Принципот на управување со котелот е електро-механички. Котелот е опремен со сите потребни компоненти кои се потребни за директно приклучување на термичката и електричната инсталација: три-степенест регулационен термостат, сигурносен термостат, сигурносен прекинувач на низок притисок, циркулациона пумпа, сигурносен вентил, термоманометар, експанзионен сад од 10l, сигурносна склопка за приклучување на електричната мрежа.
Новите прописи на Европската Унија придонесоа во понудата да се најдат два модела, ЕК Classic и EK Classic EU. Конструкцијата, начинот на работа и компонентите за автоматско управување се исти, разликата е во пумпата и греачите; кај моделот ЕК Classic EU пумпата е високо-ефикасна електронска, а греачите се Incoloy 800.
Дополнителна опрема:
- Собен термостат
- Wi-Fi прекинувач
- GSM прекинувач (SMS модул)
- Контролер за греење “S” тип
- Контролер за греење “Y” тип