Опис
FRABO бакарните фитинзи за лемење се направени од материјали со највисок квалитет, наменети за сите видови на меко заварување и цврсто лемење. Погодни се за примена во инсталации за греење, топла и ладна вода во домот, разладни системи, гасни инсталации, системи за ладење, компримиран воздух, соларни панели и сл.
Сите бакарни фитинзи за лемење се во согласност со стандардот EN1254-1. Целиот асортиман на прозиводи е според ISO 9001 стандардот за квалитет и е сертифициран од водечките европски тела за сертифицирање за атести на производи погодни за питка вода во домаќинствата, како и инсталации за греење и гас.
- Пречник: од 6 mm до 108 mm
- Сите производи се со гаранција за сигурност и се предмет на постојана проверка и редовно испитување од телата за сертифицирање (DVGW, NF-CSTB, и сл.)
- Основните материјали од кои се направени производите се со највисок квалитет, докажано со сертификати и атести издадени како од набавувачите така и од независни лаборатории
- Толеранциите за спојување со бакарна цевка се внимателно тестирани за да гарантираат оптимално спојување и да сите споеви се заварат брзо и сигурно
- Бакарните фитинзи подлежат на прецизно чистење на нивната внатрешна површина, за да се отстранат остатоците од масло кои настануваат во текот на производство, како и да се обезбеди заштита од `рѓа во било какви услови на користење