Опис
Според своите механички и термички карактеристики, котелот TKAN е посебно наменет за биомаса како гориво. Под поимот “биомаса” пред сè се мисли на пелет, но треба да се истакне и можноста на ложење со семки од овошје (вишни, цреши,…), а за сите останати видови на гориво треба да се консултира производителот.
Од друга страна, барањата на пазарот се секогаш свртени кон што поголема универзалност на горивото, така да TKAN е можно да се ложи и со цврсто гориво (дрво, јаглен, …) и во тој случај ложењето е рачно. Во оваа ситуација самото согорување се одвива по пат на принудна промаја со вентилатор, така да во такви услови TKAN е поефикасен од неговите претходници кои работат по принципот на слободна промаја.
Во текот на согорувањето на пелети се користат два вентилатора, за примарен и секундарен воздух. Нивната работа е одделна и двата се управувани со котелската автоматика.
Степен на искористеност на пелет е преку 90%.
Вредностите на димните гасови во секој момент може да се отчитаат на вградениот дисплеј. Секоја големина на TKAN котелот има бакарен изменувач за приклучување на термичко осигурување, како и клапна за потпал. Сите делови од водниот дел на котелот се изработени од безшавни цевки и котелски лим со дебелина од 5mm. Самото ложиште е направено од масивни изолациони материјали и сив лив.
Серијата котли TKAN се произведува во две варијанти на моќност:
- TKAN 1 со опсег на моќност 20÷35 kW
- TKAN 2 со опсег на моќност 40÷49,5 kW